Ланецот на супермаркети Алди објави повлекување на производ на социјалните медиуми – лиснати теста од Крествуд што може да содржат метал.

Алди го објави повлекувањето на производот на нивната официјална страница на Фејсбук на 1,6 милиони следбеници, советувајќи им на клиентите кои купиле одредени серии од лиснатите теста – во кои има колбаси – да ги вратат во најблиската продавница.

За 16 часа, постот добил околу 2.500 коментари, од кои многу од загрижени потрошувачи кои прашувале дали треба да побараат медицинска помош по повлекувањето на производите “бидејќи може да содржат мали парчиња метал” како мерка на претпазливост.

 

Одговорините за односи со јавноста од Алди додадоа: “Ве молиме, не го консумирајте овој производ. Од купувачите се бара да го вратат овој производ во најблиската продавница, каде што ќе ви биде извршено рефундирање на средствата.” Се извинуваме за непријатностите и ви благодариме за вашата соработка “.

А.Накова