Флексибилната политика за враќање прозиводи на Амазон не е без ризик колку што мислите. Компанијата ги банира купувачите за прекршоци, кои вклучуваат  премногу често враќање на предмети.

Амазон може да се пофали со бесплатни и лесни враќања/замени за многу од своите производи, кои ги натераа многу продавници во светот  да ги нудат истите политики додека се борат да се натпреваруваат со гигантската е-трговија. Но, излегува дека политиките за враќање на Амазон имаат своја цена.

Деновиве десетици луѓе објавуваат на Твитер и Фејсбук жалби кон Амазон за затворање на нивните акаунти без предупредување или објаснување.

Пол Фидалго пишува за тоа дека бил “прогонет” од Амазон поради “прекумерно враќање”. Другите лица истакнаа дека исто така биле блокирани од страницата поради слични причини. Еден клиент-потрошувач споделил меил дописка со Амазон.

Погледнете што му одговориле ТУКА.

 

А.Накова