Денеска е светскиот ден на правата на потрошувачите  а воедно и можност за промоција на основните права на сите потрошувачи, со барање дека овие права се почитуваат и заштитуваат, а исто така е и можност да се реагира и против злоупотребите и социјалните неправди кои ги кршат и не ги почитуваат правата на потрошувачите.

Затоа, на 15 март се смета за Светски ден на правата на потрошувачите, годишен повод за прослава, застапување и, исто така, и за глобална солидарност во рамките на меѓународното движење на потрошувачите. Обединетите нации го признаа Светскиот ден на потрошувачките права како официјален меѓународен ден на Обединетите нации.

СДПП е инспириран од говорот на претседателот Џон Кенеди, кој го имал пред Конгресот на САД на 15 март 1962 година, и каде што за прв пат јавно зборувал за правата на потрошувачите. Тој беше првиот светски лидер кој го чу гласот на потрошувачите, и тој ден се слави секоја година како можност за зголемување на глобалната свест за правата на потрошувачите.

За прв пат СДПП беше одбележан на 15 март 1983 година и од тогаш стана важен настан за мобилизирање на акција и заштита на потрошувачите и за креирање на потрошувачката политика прилагодени на потрошувачите.

Меѓународната организација на потрошувачи најави дека темата за Светскиот ден на правата на потрошувачите за 2018 година ќе биде „Да го направиме дигиталниот пазар пофер за потрошувачите“. Врз основа на успехот на #BetterDigitalWorld кампањата од 2017 година, оваа кампања ќе служи за да се промовира подостапно, побезбедно и правични дигитални пазари во светот.

Е-трговија, или купување на производи и услуги на интернет, ја смени формата на нашата потрошувачка. Потрошувачите кои имаат уреди со интернет конекција и способноста да  платат може да купат сè, од музика до храна, превоз и сместување или да купат билети за различни настани. Овој нов начин на тргување, отвори широк спектар на избор за потрошувачите и зголемување на достапноста на производи и услуги во невиден размер.

 

Сепак, за разлика од предностите што е-трговијата ги нуди, исто така има и клучните прашања за потрошувачите, како што се пристап до безбедни и фер пазари, безбедноста на постоењето на надоместокот во проблематични случаи и изложеност на измама. Како резултат на тоа, движењето на потрошувачите мора да работи за да обезбеди фер дигитални пазари за сите.

 

Што можете да направите?

Светскиот ден на правата на потрошувачите е нашата шанса да се направи вистинско влијание на потрошувачите и да се потсети светот за важноста од почитување и спроведување на правата на потрошувачите.

Новинари за човекови права по овој повод започнува да објавува електронски весник во кој ќе се објавуваат информации поврзани со правата потрошувачите и безбендост на производите.

Организацијата на потрошувачи на Македонија  во соработка со Министерството за економија и Стопанската комора на Македонија, по повод „15-ти март – Светскиот ден на правата на потрошувачите“ организира настан во Стопанска комора на Македонија со почеток од 11 часот. Под мотото на Светската потрошувачка организација по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите – „Да го направиме дигиталниот пазар пофер за потрошувачите“  ќе се обратат претставниците на Министерството за економија, Организацијата на потрошувачите на Македонија и Стопанската комора на Македонија.

За време на настанот ќе се одржат презентации и дискусија за дигиталниот пазар како предизвик за воспоставување поголема доверба помеѓу потрошувачите и трговците. Исто така ќе бидат презентирани и стратешките определби за подобра заштита на потрошувачите, односно донесување на нов Закон за заштита на потрошувачите и Стратегија за заштита на потрошувачите. После кратките презентации ќе отвориме простор за прашања од присутните.