Кадмиум во детските играчки

100

Кадмиумот е токсичен метал кој се апсорбира од тлото и е поврзан со тешкотии во учењето кај учениците. Според американски истражувања децата кај кои е најдени поголема количина на кадмиум во урината имаат три пати поголеми тешкотии во учењето и почесто учествуваат во дополнителна настава.

Кадмиумот може да предизвика проблеми во училиште

Иако секое дете е изложено на него, малку медицински експерти досега посветиле доволно внимание на него. Кадмиумот се апсорбира од почвата и се наоѓа во некои јадења, на пр. во компири, семиња, зелен зеленчук, но и во преработени житарици. Цигарите, исто така, се значаен извор на кадмиум кој е пронајден и во евтин накит произведен во Кина, каде што овој метал се користи наместо олово. По објавувањето на овие наоди, во САД, увозниците и трговците повлекоа бројни нараквици и други украси од продавниците и воведоа построги контроли.

Ги оштетува нервните клетки

Научниците велат дека овие откритија се знак дека кадмиумот може подеднакво да биде катастрофален за мозокот на бебето колку и оловото. Според д-р. Брус Ланфеара, педијатар и епидемиолог, „податоците силно сугерираат дека кадмиумот е невротоксичен“, односно токсичен за нервните клетки.

Според една студија спроведена на универзитетот Харвард во САД, децата со највисока содржина на кадмиум во урината имаат 3,2 пати поголема веројатност за проблеми во учењето од децата со најмалку овој метал. Исто така, меѓу оние со највисок кадмиум има три пати повеќе посетители на специјална настава отколку кај децата кои се поштедени од него, пренесува „Дејли грин“.

Експертите предупредуваат дека најверојатниот начин на внесување на кадмиум во телото е ставање во уста или голтање на контаминирани предмети. Најдобар начин за заштита на децата е притисок на производителите од целиот свет да не ставаат кадмиум во било која играчка, а додека не стане сигурно дека се држат до тоа, увозниците се оние кои мора да ги тестираат сите сомнителни предмети.

Алтернатива на пластиката:

Пластичните играчки не се биоразградливи и го зголемуваат количеството на пластика во депониите.

За да избегнете пластика, дајте им на своите деца играчки од природни материјали како што се дрво, памук, волна, хартија, кожа и метал.

Играчките направени од природни материјали обично траат подолго и можат да се рециклираат или да се дадат за добротворни цели.

Изработете сами играчки од секојдневни предмети (мали кутии, канцелариски материјали, ролни за тоалетна хартија) и природни предмети како што се школки и шишарки и украсете ги со природни бои.

Чувајте ја хартијата за вашите деца и нивните пријатели да имаат на што да цртаат, како и списанијата за да ги сечат за колажи.