Многу се пишува за токсичните материи кои може да се најдат во разни играчки и производи за деца, од пластички играчки до разни аксесоари и украси, ластичиња, гуми за бришење, па дури и прекривки за детските соби. Но, покрај материјалот од кој се направени играчките внимание посветете и на тоа дали на декларацијата е наведен составот, производителот и увозникот.

Дали дрвените играчки се побезбедни?

Има многу родители кои мислат дека со дрвените играчки ќе го решат проблемот со штетните материјали во производите со кои растат нивните деца. Сепак, и дрвените играчки може да содржат опасни материи како што се никел, формалдехид, PAU, нонилфенол, органски соединенија со калај, особено во бојата. Сепак, не е задолжително дека играчките ги содржат сите овие супстанции. Кога избираме да купиме дрвени играчки ова може да го дознаеме не само по цената, туку и од декларацијата и земјата на потекло на играчката.ж

Побарајте сертификат

За боите и кредите, ќе знаете дека не се токсични ако на етикетата постои ознаката ASTM D-4236. Слободно побарајте сертификат во кој се наведува земјата на потекло и ознаката „tested“ дека производот е одобрен од агенција за проверка на квалитет. Следниот пат кога ќе избирате играчки, погледнете дали е направена од нетоксични материјали.

И уште една интересна работа. Годините запишани на играчките (3+, 4, 5 …) означуваат фактор на безбедност, а не ниво на интелигенција или зрелост на децата на кои им се наменети играчките.