Со цел заштита на потрошувачките права покрај законските прописи корисни може да бидат и бројни совети, вклучувајќи и како да купувате поуспешно при попусти:

1. Купувајте плански – пред да одите на шопинг, составете список на производи кои ви се потребни и држете се до него. Ова ќе го олесни купувањето и ќе ве спречи да купите производи кои не ви се потребни.

2. Пред сезонскиот попуст, следете го движењето на цената на производот што сакате да го купите. Ако цената на производот е намалена неколкупати, осигурајте се дека сите промени во цените се јасни, видливи и читливи на производот.

3. Проверете дали вашиот артикл ги има потребните информации за производот и дали се приложени документи за полесно и побезбедно користење (пр. гаранција, упатство за употреба, упатствата за монтажа и сл.) на македонски јазик.

4. Бидете свесни дека дури и за производи купени на попуст имате право на рекламација врз основа на материјален дефект (освен за производи со грешка). Ако купувате производи со грешка, трговецот е должен јасно, видливо и читливо да означи на производот или на местото на продажба, дека се работи за производ со дефект и да информира за тоа во што се состои грешката на производот, бидејќи за истиот по купувањето нема да имате можност за рекламација.

5. Добро прегледајте го производот што го купувате на самото место на продажба.

6. Обрнете внимание на исправноста и сигурноста на производот што го купувате.

7. И што е најважно – не заборавајте да земете сметка за купените производи, а за технички стоки и гаранциски лист кој ќе биде потребен ако производот што го купувате е неисправен.