Честопати трагајќи по информации на интернет, се среќаваме со лажни, слични на оригиналните, линкови (веб страни, профили…) кои наведуваат во погрешен правец. Тоа се прави со цел да се ослаби гледаноста на оригиналот, да се прикаже невистинита слика, да се пренасочи вниманието во друг правец или да се соберат личните податоци на истражувачот.

Последен ваков пример е со фејсбук страната на познатиот Сити мол во Скопје.
За сите кои се соочуваат со овој тип на проблеми им го препорачуваме сервисот или страната „DeleteMe.mk“. Овој сервис е овозможен од Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија. Целта на овој сервис е да им помогне на луѓето во различните искуства на прекршување на приватноста онлајн.