Европската управа за безбедност на храната – ЕФСА предупредува на смртоносна бактерија во смрзнатата храна. Според оваа агенција во замрзнатата пченка „шеќерец“ има смртоносна бактерија, што веројатно е причина смрт на девет  лица во Европа! Тестовите покажале дека замрзнатитиот зеленчук е причина за голем број случаи на инфекции предизвикани од бактериите на листерија.

Британската агенција за стандарди на храната повика да се обарува било кој замрзнат зеленчук пред да се користи, дури и ако се користи за сос. Причина за оваа препорака е информацијата дека 47 случаи на листерија се пронајдени во замрзната храна во Австрија, Данска, Финска и Шведска, а девет лица починале.

Замрзнатиот спанаќ и боранијата, исто така, ги содржат истите бактерии од кои се заразени две лица, предупредува ЕФСА (Европската управа за безбедност на храната).

Се смета дека плантажата до која се наоѓаат ладилниците за смрзнување на истата се наоѓа во Унгарија е извор на инфекцијата што ја зарази цела Европа. Унгарските власти наредија итно повлекување и на кисела павлака од тој производител.

Повеќето луѓе кои ја добиваат оваа инфекција, предизвикани од листерија, имаат поблаги симптоми на повраќање и дијареа. Но, може да се појават и сериозни компликации кај луѓе со намален имунитет, доенчиња, постари и бремени жени.

Д-р. Кејти Грант вели дека најдобар начин да се спречи листеријата е миење и преработка на храната.

Листерија во месото

Само колку за потсетување на крајот од минатата година руското Министерство за земјоделство ја најде опасната бактерија листерија во сварена и пушена сланина, како и во замрзнато свинско месо кај тројца извозници од Србија, додека кај четвртиот српскиот производител кој извезувал храна во Русија детектирано е дека во сирењето трапист има штетен додаток натамицин (Е235) . Во прилог на овие информации беше и податокот дека за овие компании привремено беше забранет извозот во Русија, но за  жал не стаса официјална информација за тоа што се случи  со инфицираната храна – без разлика дали тие е уништена или вратена во Србија.