На Твитер ова лето осамна приказна за одреден Џо, возач на компанијата за испорака на храна „Deliveroo“, кој храбро го убил пајакот по барање на клиентката и aрахнофоб- Деми Свини. Свини, 22-годишна студентка во Велика Британија, се разбудила со пајак на нејзиниот таван во среда наутро, и се обратила на социјалните медиуми да се најде некој да ја ослободи од несаканиот гост.

Во порака на Фејсбук до „Deliveroo“, сервис за испорака на храна, Свини прашала дали возачот може да го убие пајакот ако нарача храна. Еден претставник ја информирал дека тоа зависи од возачот, но го вклучил во белешките за испорака. Кратко потоа, пристигнале нејзиниот херој и нејзината храна.

Носејќи кацига за безбедност, Џо се качил на стол и го направил својот прв обид да го фати пајакот. Според „Buzzfeed“, пајакот се борел, скокал од таванот и трчал по подот. Сепак, тоа бил натпревар од кој Џо не се откажувал,и на крајот го убил пајакот.

Свини ја документирала победата на Твитер и следбениците брзо се собрале, фалејќи го Џо. Твитер заедницата била изненадена од односот со потрошувачи на „Deliveroo“, и тие собраа многу пофалби и нови клиенти со овој потег.

А.Н.