Словенечките продавачи на играчки реагираат на безбеднста од  небрендирано кадифено мече кое се продава на пазарите од земјите од екс- Југославија. Досега имало привани десетина случаи на гушење кај деца од голтање на ситните делови од мечето.

Станува збор за “нонејм“ играчка, увезена од Кина, а од која очите, носот и вшмукувачката чаша лесно можат да се одвојат од играчката, генерирајќи мали делови.

Од Европската агенција за безбедност на играчки реагиаат бидејќи производот не е во согласност со барањата на Директивата за безбедност на играчки и релевантниот европски стандард EN 71-1.
Бар кодот на производот е6956520200892, па доколку наидете на играчка -кадифено мече со овој бар код немојте да ја купувате.