Причината за падот не е целосно разјаснета, иако дел од аналитичарите велат дека паничната продажба на криптовалути ќе придонесе до понатамошен пад во иднина.

Додека вредноста на биткоинот падна за 12%, тој не беше најсилно погоден од ненадејниот пад. Баш напротив, тоа беа валутите ethereum, ripple, bitcoin cash и EOS, чија вредност падна за 20%. Кога се работи за биткоин, оваа криптовалута го достигна едномесечниот врв, што предизвика оптимизам кај експертите дека нејзината вредност може да продолжи да расте во иднина.

„Цената на биткоинот расте во последните неколку месеци, но ако сум на ваше место би бил претпазлив со инвестирањето во оваа криптовалута. Може да бидеме оптимисти за она што е пред нас бидејќи има многу добри вести за развојот на биткоинот, но ќе треба да помине уште некое време за сите тие промени да влијаат на вредноста“, вели Оливер Ајзакс, експерт во полето на криптовалутите.

Веројатно паметите дека кон крајот на минатата година вредноста на биткоинот порасна до 20.000 долари за еден токен, но во 2018 година работите не се толку оптимистични, и цената на оваа криптовалута се стабилизираше на околу 7.000 долари за токен.

А. Накова