Ако не ви е пријатно кога во продавница се формира ред додека дебатирате за тоа кој сос за тестенина е поздрав не грижете се – речиси секој човек околу вас го прави истото. Во истражување спроведено од агенцијата Нилсен, 9 од 10 испитаници велат дека се подготвени да платат повеќе за поздрава храна, затоа компаниите вложуваат големи напори со цел навистина да ги добијат парите. Најлесен начин е преку „здрави“ етикети, но прашањето е колку воопшто тие се информативни.

Погледнете ги следните примери и уверете се сами! „Природно“ Оваа ознака е веројатно најбескорисната од сите што може да се најдат на храната. Што точно значи „природно“? Тешко е да се дефинира прехранбен производ кој е „природен“, бидејќи повеќето храна се преработува, и затоа едноставно не одговара на овој опис!

Дури и американската агенција за храна на лекови ФДА работи на создавање дефиниција која би опишала што точно значи „природно“, но засега во тоа се неуспешни. „Добар извор“ на нешто што е здраво Од плочките од житарки кои се добар извор на влакна нема да станете премногу здрави и нема да имате одлично варење. „Добар извор“ обично значи дека храната има само 10% од препорачаната дневна количина на тие хранливи материи. Од друга страна, кога намирницата е „богата“ со хранливи материи или е нивен „одличен извор“, тогаш зборуваме за максимум 20% од препорачаната дневна доза.

„Од цели житарки“ Бидејќи е навистина тешко да се дефинира кои точко производи се „од цели житарки“, така означениот леб едноставно може да биде обичен бел леб со додавање на малку цели житарки. Ако сакате да бидете сигурни дека купувате производ кој навистина ќе биде добар за вашето здравје, побарајте ја ознаката „од 100% цели житарки“. „Направено со“ нешто што е здраво Кога производот е направен со некоја инспиративна состојка за која неодамна сте слушнале вашиот оптимизам може многу да порасне.

Сепак, „направено со“ нешто е сосема поразлично од „направено од“ нешто! Безмасно Во овој случај, „безмасно“ значи дека храната не содржи масти, но погрешно е да се претпостави дека од таквата храна не може да се здебелиме. Оваа ознака функционираше додека се веруваше дека мастите се виновни за дебелина и болести на срцето, но храната што не содржи масти е обично преполна со шеќер и други јаглехидрати. Исто така, таквата храна обично е повеќе преработена и содржи повеќе конзерванси!