Администрацијата за храна и лекови на САД ги предупредува на потрошувачите во повеќе од 20 држави да не јадат одредени мешавини на овошни салати кои содржат веќе исечени дињи поради појава на салмонела.

Продуктите кои содржат исечена диња на Каито Фуд се повлечени од полиците на супермаркетите во 23 држави. Епидемијата на салмонела погодила 60 лица, првенствено од Средниот Запад. Според Центрите за контрола и превенција на болести, биле хоспитализирани 37 лица.

Се советува избегнување на свежо сечена лубеница, диња и секој пакуван производ ги содржат оние дињи за оние кои се наоѓаат во Алабама, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Илиноис, Индијана, Ајова, Канзас, Кентаки, Мериленд, Мичиген, Минесота, Мисури, Небраска, Северна Каролина, Северна Дакота, Охајо, Пенсилванија, Јужна Дакота, Тенеси, Вирџинија, Западна Вирџинија или Висконсин.

Симптомите на салмонелата вклучуваат треска, дијареа и грчеви во стомакот.

Доколку се наоаѓате во моментов во некоја од споменатите држави или планирате да патувате таму, внимавајте при изборот на овошни салати кои содржат веќе исечени дињи.

А.Накова