1. Почнете да кажувате “НЕ” почесто

Вие НЕ треба да бидете дел од секој план од кои вашите пријатели очекуваат да бидете дел. Стравот од пропуштање  (FOMO) не е воопшто потребен;најдете подобри начини да се забавувате наместо секој викенд да ги оставате парите во преценети дискотеки со високи цени за алкохол. Неколку пати во месецот е сосема во ред. Уживањето дома е многу поценето, и ако навистина сакате нешто да направите, зошто не ги повикате луѓето кај вас?

  1. Посветете фиксен износ од вашата плата кон заштеди

Во моментот кога вашата плата се префрла на вашата сметка, пред да направите било што друго, префрлете одреден фиксен износ на вашата штедна сметка. Или уште подобро, ставете ги парите каде што не можете да ги видите или да пристапите – сметка на доверлив член на семејството.

  1. Знајте ги вашите недостатоци

Компулсивен купувач? Трошите премногу на други луѓе? Премногу сте дарежлив со вашиот животен стил? Да, време да проверите каде трошите најголем дел од вашите средства. Ако постојано се трошите за такси, размислете за користење на јавниот превоз (навистина не е лоша идеја патем); ако сте компулсивен купувач, обидете се со продавници од втора рака … или подобро контролирајте ја потребата да ги трошите вашите тешко заработени пари. Купувањето базирано на потреба е практикувано учење – започнете сега.