Хонда повлекува најмалку 1,4 милиони автомобили, вклучувајќи ги и Acura моделите, поради дефект во воздушните перничиња.

Повеќе од еден милион модели на “Хонда” и Акура модели се повлекуваат со цел компаниите да ги заменат воздушните перничиња-Takata. Освен тоа, Хонда повлекува  околу 200.000 дополнителни автомобили поради софтверски грешки кои ги вклучуваат задните камери.

Сопствениците на Honda и Acura можат да проверат дали нивните возила се наоѓаат на листата користејќи ја оваа веб-страница. (http://hondaairbaginfo.com/)

Друга веб-страница посветена на повлекувањето на воздушните перничиња и управувана од страна на американското Министерство за транспорт на Националната  администрација за безбедност во сообраќајот  понатамошни детали зошто повлекувањето на  Takata е од толку витално значење за потрошувачите. Ако се изложени на продолжена висока топлина и влажност, воздушните перничиња Takata може да експлодираат за време на сообраќајна несреќа.

Во светот, 23 лица се убиени од експлозии на воздушни перничиња, а најмалку 180 лица се повредени од неисправни воздушни перничиња.

А. Накова