1. Разговарајте со потрошувачите – истражувањето на пазарот во почетокот е секогаш од помош при избегнување на можните грешки. Уверете се дека имате: вистинска понуда, атрактивна цена, и бидете сигурни дека сте на правиот пазар!
  2. Направете сценарио на проблеми – сигурно е дека прво нешто со кое ќе се соочите е плаќање на даноци, како и неочекувани проблеми кои можат да произлезат за вашиот нов бизнис. Размислете за сите проблеми кои можат да ви се најдат на патот во вашето работење, направете сценарија за се што може да ви попречи, и планови за решавање на истите.
  3. Локацијата е се – без разлика дали се работи за одлична веб страна која е лесно да се запамети или продавница која е на фреквентна локација, погрижете се вашиот бизнис да биде на правилното место. Фреквенцијата на лица кои поминуваат покрај вашата продавница, или честотата на пребарување на интернет на поимите од името на вашата веб страна, има огромен уддел во качувањето на следната скала за вашиот бизнис.

А. Накова