Официјалниот датум за претставување на Samsung Galaxy Note 9 е 9 август, откако на 27 јуни Samsung ја испрати поканата до своите симпатизери. Откривањето ќе се случи во Бруклин, Њујорк, во 11 часот изутрина.

Тоа е следниот голем Андроид смарт телефон за претставување, и ќе биде тука за малку повеќе од еден месец. Тоа значи дека новиот Galaxy Note phablet ќе пристигне порано од претходните години – за разлика од регуларните претставувања кои се на крајот на август.

Гласините велат дека некои од одликите на телефонот нема да бидат доволно професионално изработени, токму поради фактот што пристига на пазарот порано отколку што се очекуваше.

А. Накова