Најтешката работа во штедењето пари самото започнување на процесот и избирањето на начинот на штедење. Овие начини  ќе ви помогнат да развиете реален план на штедење.

  1. Запишете ги вашите трошоци

Првиот чекор во штедење пари е да знаете колку трошите. Еден месец  водете евиденција на се што ќе потрошите. Тоа значи секое кафе, весник  и оброк што го купувате за цел месец. Откако  ќе ги имате податоците  подредете ги  по категории , на пример : гас , намирници, кредит и др. и  пресметајте го вкупиот износ за секоја категорија.

2.Поставете цели за штедење

Ако имате цел на што ќе ги потрошите парите што ги штедите, тогаш многу полесно ќе почнете да штедите. Треба да оцените колку време е потребно за достигнување на одредена цел. Дали 1 до 3 години за да заштедите за егзотичен одмор и нов автомобил или пак 10 или повеќе години за да заштедите за вашите деца или за ново живеалиште.

  1. Направете го штедењето полесно со електронски трансфер на пари

Електронскиот трансфер на пари директно на вашата штедна сметка го олеснува штедењето. Со директното префрлање на парите од вашата трансакциска на вашата штедна сметка нема да подлегнете на притисокот да ги потрошите парите на нешто, како кога би ги имале парите во рака.

А. Накова