„Овие нови прописи стапија на сила сега и ние сме среќни да почнеме повторно во Хелсинки“, искоментира Џоел Јарвинен, генерален менаџер на „Uber“ за регионот.

Чекорот на Финска внесува промени во строго регулираниот пред се транспортен пазар и поддржува нови бизнис модели, вклучувајќи  ги дигитализацијата и новите технологии, објави Министерството за транспорт на својата веб страница.

Возачите на „Uber“ во земјата се соочија со опасност од парични казни, како и дел од полициските напади врз возачите кои немаат дозволи за такси превоз. Но патувањата на „Uber“ започнаа повторно на 4ти јули и ќе се вршат од страна на професионални и лиценцирани возачи во рамките на услугите „UberX“ и „Uber Black“.

Овој потег е дел од напорите на новиата извршна директорка на „Uber“ – Дара Косровшахи, да ги закрепне односите со локалните регулатори за време на големи турбуленции за компанијата.

А. Накова