Во последниве месеци се шпекулира дека апликацијата може да усвои покомерцијален пристап, по заминувањето на двајцата влијателни основачи на WhatsApp од Фејсбук-компанијата која ја купи за 19 милијарди долари во 2014 година.

На прашањето дали услугата за размена на пораки, која може да се пофали со 1,5 милијарди корисници, ќе започне да им служи на своите клиенти со реклами, Шант Окнајан, бизнис-лидер на Блискиот Исток, Северна Африка и Пакистан, изјави дека не бил свесен за такви планови.

“Јас не сум свесен за такви информации”, рече тој, додавајќи дека “во денешницата, WhatsApp, во однос на тоа што е достапно за бизнисите – е повеќе од алатка за испраќање пораки”.

Укажувајќи на Careem, кои неодамна лансираа посветена служба за корисници, како пример, Окнајан кажа дека платформата ќе им овозможи на компаниите постојано да комуницираат со своите клиенти.

“Во моментов се движиме по тој пат … без оглед на динамиката што се случи во самата организација”, додаде тој.

Главниот извршен директор и основач Јан Коум, кој најави дека го напушта Фејсбук во април, бил познат по жестоко одбивање за можност на туѓо рекламирање на платформата.

Експертите велат, сепак, дека бесплатната апликација сега е под притисок да заработи пари.

А.Накова