За Нас

Организацијата Новинари за човекови права го спроведува проектот Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи кој има за цел да ги информира/едуцира потрошувачите за нивните права и да ги мотивира да пријавуваат злоупотреби, а со самото тоа да ги поттикне и понудувачите на услуги да ги почитуваат потрошувачите и да постапуваат со нив како со рамноправен партнер.

За таа цел започнуваме со активност – електронскиот весник Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи каде сите заинтересиранистрани ќе можат да се запознаат со правата и на потрошувачите и на производителите, ќе може да се информираат за проблемите со кои се соочуваат потрошувачите, за цените на ист производ, за регулативите…Ќе имате можност да учествувате на он лајн анкетите, но и да прочитате како се почитуваат правата на потрошувачите во другите земји. На страната на Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи ќе имате можност да ја најдете и листата на забранети производи на европскиот пазар, попозната како RAPEX која се ажурира еднаш неделно.

Истовремено ги повикуваме и сите производители и понудувачи на услуги да не информираат за новините кои ги практикуваат, а кои одат во насока на подобрување на производите и односот со потрошувачите.

Ве покануваме сите да земете учество и да не информирате за сите проблеми на кои ќе наидете на нашата електронска пошта natasha@text.mk

Овој проект е дел од заедничкиот проект „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, спроведуван од Здружението за бизниси и консултанти Креација, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), кој се спроведува со финансиска помош од Европската унија во рамки на ИПА Програма за граѓанско општество и медиуми.

Новинари за човекови права е граѓанска организацијата која има за цел да се постигне поголема транспарентност и објективност во информирањето, изградба на еден вредносен систем во кој ќе се почитуваат правата на децата, еднаквоста меѓу половите, загарантираноста на женските права како човекови права и елиминирање на дискриминацијата на жената во општеството и семејството и гарантирање на правото на чиста животна средина. Целта е да ги здружува граѓаните на Македонија кои имаат за цел да ја испратат информацијата, да испровоцираат дебата и да помогнат во почитувањето на културните и моралните вредности во земјата, без разлика на верата, јазикот, полот.